Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сè, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае се за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Тоа и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој и ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат дека има аутизам, веднаш го менуваат мислењето за неа.
Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Знаејќи дека принцот на бел коњ нема да затропа на вратата на нејзината луксузна и празна куќа, таа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи се што може да се научи за сексот и врските. Мајкл Ларсен е сон на секоја жена – згоден и внимателен, добро воспитан, совршен џетлмен кој може да ја задоволи секоја дама што може да си ги дозволи неговите услуги.
Стела ќе му даде понуда која не се одбива, ама она што не го очекува е дека и обајцата ќе останат маѓепсани еден од друг. Кога ќе го надградат својот рационален однос од вежбање во спалната до „момче и девојка” во реалноста, времето што го поминуваат заедно ќе ја натера Стела да сфати дека љубовта е најдобриот вид логика…



