Шиндлеровиот лифт

320 ден

„Никогаш не се разбра чија идеја воопшто беше Црвениот солитер 101. На Хамдиините бавчи, на периферијата, да се изградат две висококатници за работниците и за наставниците од средношколскиот центар. Оти Црвениот солитер навистина беше составен од две…

На залиха

„Никогаш не се разбра чија идеја воопшто беше Црвениот солитер 101. На Хамдиините бавчи, на периферијата, да се изградат две висококатници за работниците и за наставниците од средношколскиот центар. Оти Црвениот солитер навистина беше составен од две тринаесеткатници, кои всушност се допираат и прават двоен солитер, со 104 стана, „вертикално село”, како што зградата упорно ја нарекуваше Цака поштарот. Денес вертикалното село е сè попразно и по испилувањето, од олку зло, остана само сукрвица.”

Го притискате копчето, и чекате. Потоа го слушате препознатливиот звук и ја отворате вратата на лифтот. Со истиот гест почнува и читањето на романот „Шиндлеровиот лифт” на Дарко Цвијетиќ, кој во триесетина кратки поглавја раскажува за судбината на станарите со различна вероисповест, јазик и уверенија, собрани под заеднички кров во солитерот со четири лифта од марката „Шиндлер”, како метафора на еден заеднички живот што се распаѓа. Меѓу нив е и девојчето Стојанка К., чија трагедија станува симбол на колективното страдање и исчезнувањето на светот што го познаваме.

„Шиндлеровиот лифт” е роман за сеќавањето, загубата и човечноста. Интониран лирски, емотивно моќен, а јазички воздржан, тој сведочи за времето кога лифтот се претвора во бездна, а обичната зграда во слика на една земја која се руши однатре.

SKU: 039290
Категории:,
ISBN:9786082611631
АвторДарко Цвијетиќ
Издавач:Или-Или