Постар маж талка низ собата, запишува броеви по ѕидовите. Тоа е Јак, почесен професор по математика на универзитетот, кој сè уште е посветен на својата работа иако има речиси осумдесет години. Но, сеќавањето почнува да го издава, чувствува дека нешто не е како што треба. Очаен да го сочува минатото во умот, Јак сфаќа дека полека ја снемува неговата независност.
Може да му помогне само една личност – Малин, ќерката од која се оддалечил. Мора да ја повика и да ѝ ги раскаже своите сеќавања пред засекогаш да му се изгубат.
Трогателна и полна со животно значење, ова е приказна за еден остарен татко и за неговата средовечна ќерка, приказна во која се истражуваат теми како внимателната грижа и помирувањето, во која се говори за длабоките слоеви од нашиот живот, често скриени пред нашите најблиски – приказна за љубовта, за тоа како нештата да се исправат пред да стане предоцна.



