Вивека Стен (1959) е шведска писателка. Имала многу успешна кариера како главен правен советник во поштенската служба на Шведска и на Данска, но во 2011 година дава отказ за да се посвети на пишувањето. Десетте книги од серијалот „Санџамн“ и петте од серијалот „Убиствата во Оре“ досега се продадени во повеќе од десет милиони примероци низ светот и сè уште се на врвот на меѓународните бестселер-листи. Според нив се снимени телевизиски серии. Се проценува дека околу сто милиони луѓе ги следеле авантурите од Санџамн на телевизиските екрани, а „Убиствата во Оре“ била најгледаната серија на „Netflix“ две недели по ред по својата премиера, со неверојатни триесет милиони прегледи на глобално ниво. Денес Вивека живее помеѓу Стокхолм, Санџамн и Оре.
Оре е туристичко место и криминалот е реткост. Уште помалку нешто толку брутално како убиството на Јохан Андерсон, поранешен олимписки скијач, чие врзано и претепано тело е пронајдено во шумата. Според неговата сопруга, немал ниту еден непријател. Истрагата на детективте Хана Аландер и Даниел Линдског покажува дека не е така. Но што можело да испровоцира толкув гнев? И кај кого?
Ребека Еквал, пак, ранливата сопруга на пасторот, е заробена во брак полн со злоставувања. Изолирана од другите во конгрегацијата, се плаши од сопругот, а уште повеќе стравува за својот живот. Бидејќи Ребека во себе носи судбоносна тајна. Но не е единствената во Оре која има нешто да скрие. Додека Хана и Даниел продолжуваат да ја расплеткуваат мрачната историја на сè побројните осомничени, сфаќаат дека убиството на Јохан е само почеток на една вознемирувачка приказна за опстанокот и за одмаздата.



