Сè на овој свет е шрапнел.
Вселената, што постојано се шири, е облак од шрапнели. Мислите, верувањата, чувствата, пронајдоците, сè… Човештвото постои за да удри врз човештвото. Зашто ако ова… ако ова нема никаква врска со шрапнел, тогаш бомбата подметната во бегалскиот камп Ел Аман, подигнат на турско-сириската граница пред четириесет години, никогаш немаше да експлодира. И едно бебе старо шест дена не ќе беше изложено на тој дожд од шрапнели што му го парчоса лицето…
Четириесет години подоцна, седум дена пред почетокот на новиот милениум, некаде во светот…
Замир се прашува: Зошто не умрев во тој камп? И зошто сум сè уште жив? Не знае зошто бил избркан од овој свет трипати, и зошто се вратил трипати. Не знае, затоа што во овој свет нема спас за некој кој страда од огромниот срам што живее, што едноставно постои.
Не знае ни дека ќе успее да го смени светот.



