Јаблон и Сибила

500 ден

Романот „Јаблон и Сибила“ е потресно сведоштво за „неизбежната случајност“ што ги спојува душите на носечките ликови далеку од родната земја, по тешките искушенија што им ги наметнува судбината. Патиштата на животната врвица на девојката од Македонија…

На залиха

Романот „Јаблон и Сибила“ е потресно сведоштво за „неизбежната случајност“ што ги спојува душите на носечките ликови далеку од родната земја, по тешките искушенија што им ги наметнува судбината. Патиштата на животната врвица на девојката од Македонија и момчето со македонско потекло од Русија се вкрстуваат во Австралија. Таа со дневникот што го водела додека го чувала Ристо Шишков на заминување од сцената и од животот; тој со бегалската трагедија на родителите во руската степа.
-Блаже Миневски

„… во ова книжевно дело е на показ едно успешно и непосредно книжевно архивирање на егзистенцијално важните и темелни прашања на љубовта, идентитетот (и индивидуален и колективен) и глобализацијата. Затоа романот на Павловски „Јаблон и Сибила“ напати е нежен и мил, напати е благ и сладок, напати е едноставен и со колоквијални дијалози, но напати е и ироничен и темен, какви што се, впрочем, и Македонија и Австралија, и каков што е, впрочем, и светот од последните децении на XX век и првите децении на XXI век.”
-Извадок од рецензијата на Иван Џепароски

“Јаблон и Сибила” е роман во кој раскажувачката моќ на Божин Павловски ја претвора љубовната приказна во сугестивен романескен свет на памтењето, идентитетот и човековата потреба да најде дом во време на големи преместувања. Автобиографскиот импулс, културната меморија и историски препознатливите фигури не остануваат заднина, туку стануваат живо ткиво на раскажувањето, во кое интимното се издигнува до достоинство на македонско културно сведоштво. Оваа книга ја потврдува препознатливата дарба на Павловски проживеаното да го преобрази во книжевен чин на љубов, припадност и паметење.
-Иван Антоновски

SKU: 039602
Категорија:
ISBN:9786081011494
АвторБожин Павловски
Издавач:Матица македонска