Ултрамарин

450 ден

Ултрамарин е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста.

Насловот на романот обединува неколку симболични слоеви: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото на нараторот, бојата на морето поврзана со нивното прво „архипатување“ во …

На залиха

Ултрамарин е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста.

Насловот на романот обединува неколку симболични слоеви: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото на нараторот, бојата на морето поврзана со нивното прво „архипатување“ во кое заеднички го поминуваат Медитеранот, но и боја која истовремено има амбивалентни метафизички конотации – нејзиното име може да се поврзе и со смртта, во нашата цивилизација согледувана како преминување на другиот брег.

Во својата основа, ова е роман посветен на смртта на таткото и начинот на кој авторот се соочува со неа.

Нараторот ги разгледува и пакува предметите оставени во сликарското студио на неговиот татко, процес што отвора простор за долги реминисценции од нивниот живот, најчесто поврзани со патувањата низ Италија.

SKU: 032974
Категории:,
ISBN:9786082234069
АвторМилета Продановиќ
Издавач:Магор