Црвениот парфем

490 ден

Љубов и страст зад сцената на луксузниот свет на парфемите.

На залиха

Лион, 1934 година. Нина е млада, неверојатна создавачка на парфеми во светот во кој надмоќта ја имаат мажите. Потекнува од француско семејство на познати создавачи на парфеми во царска Русија. Октомвриската револуција одненадеж го прекинува нејзиното детство: револуционерите го одведуваат и го убиваат татко ѝ, а таа, мајка ѝ и брат ѝ, се принудени да побегнат во Париз. Во спомен на татка си, Нина сака да се прослави во оваа комплексна професија и работи за водечката личност во француската индустрија за парфеми, Леон Живодан, дарежлив човек кој ја зема под своја закрила.

По игра на судбината, Нина го запознава Пјер Рие, трговец со сомнително минато, тесно поврзан со советската влада. Иако и двајцата припаѓаат на два сосема различни светови, тие стануваат љубовници. За време на посетата на советската делегација кај една службеничка на висока функција, таа успева да го почувствува парфемот кој го создал татко ѝ и за неа самата како подарок за нејзиниот роденден. Составот на тој парфем го знаел само тој, а никогаш не ги запишувал формулите. Можно ли е да го преживеал најстрашното? И по која цена?

SKU: 039652
Категории:,
ISBN:9786081011500
АвторТереза Ревај
Издавач:Матица македонска