Болести на цревата и на желудникот

160 ден

Основните синдроми и симптоми на болестите на органите за варење, како што се стомачните болки, повраќањето, подждригнувањето, ждригавицата, проблеми со столицата, сигурно се секому познати. Но тие не се карактеристични само за еден вид на желудочни болести.

На залиха

Основните синдроми и симптоми на болестите на органите за варење, како што се стомачните болки, повраќањето, подждригнувањето, ждригавицата, проблеми со столицата, сигурно се секому познати. Но тие не се карактеристични само за еден вид на желудочни болести. Можат да се забележат и кај оние кои боледуваат од чир, хроничен гастритис, рак на желудникот. Сепак, многумина не обрнуваат премногу внимание на тоа, иако медицинската статистика секојдневно бележи раст во бројот на заболени. За жал, никој не е заштитен од чир на желудник или дванаесетпалечно црево, или пак која било друга болест на дигестивниот тракт. Сепак, секој од нас може да ги препознае нивните симптоми во ран стадиум на болеста и да стори сè несреќата да не напредува. Единствено што е потребно да се направи е да се стекнат неопходното знаење и информации за овие болести.

Книгата говори за болестите на системот за варење – од помали растројувања на желудникот до посериозни заболувања, како што е рак на дебелото црево.

Пред сè, се наведуваат симптомите, текот и лекувањето на чирот на желудникот и дванаесетпалечното црево, синдромот на раздразнети црева и др. Посебно внимание им е посветено на диетите и мерките на нетрадиционалниот начин на лекување. Рецептите кои се предложени тука се влезени во златниот фонд на народната медицина, мошне се ефикасни, а истовремено и едноставни и достапни.

ISBN:9789989901706
Издавач:Мартина