Тишина

250 ден

Колку зборовите се сместени во молкот, а колку чувства содржи тишината?

Животот со својата непредвидливост во еден ден им ги менува животите на Севда и Бојан.

На залиха

Колку зборовите се сместени во молкот, а колку чувства содржи тишината?

Животот со својата непредвидливост во еден ден им ги менува животите на Севда и Бојан. Спокојството на нивниот заеднички живот прекуноќ станува тегоба, ѕидовите на топлиот дом стануваат сѐ постудени, а љубовта тоне во неподнослива тишина обремената со траума и тага која постепено води до отуѓување.

Наскоро секојдневјето им се претвора во празно изминување на деновите. Како да се продолжи понатаму кога сѐ изгледа безнадежно? Тој излеот го наоѓа во работата. Таа заминува за Париз – патување кое претставува едно интимно преиспитување на сопствените одлуки и обид да ги најде одговорите на прашањата што деноноќно ја демнат.

Приказна за препреките што ни ги преставува животот тестирајќи ја издржливоста на срцето, за мајчинството и татковството, за комплексните меѓучовечки односи. Роман кој трага по одговор на прашањето за љубовта – може ли таа да биде феникс и да се издигне уште посилна од пепелосаните соништа за заедничка среќа?