Серенада за Надја

450 ден

Потресен роман заснован на вистински случај на потонат бегалски брод за време на Втората светска војна.

На залиха

Истанбул, 2001 година. Маја Дуран е самохрана мајка која се мачи да најде рамнотежа меѓу својата напорна работа на универзитетот и воспитувањето на синот тинејџер. Работи-те стануваат уште посложени кога добива задача да го шета загадочниот Максимилијан Вагнер, возрасен професор на „Харвард“ со германски корени, кој доаѓа во посета на градот. Тој се враќа на местото каде што во 1942 година се случува големата трагедија во која е торпедиран бродот „Струма“ и загинуваат 800 еврејски бегалци, меѓу кои и неговата сопруга.

Маја и Вагнер се зближуваат, меѓутоа во нивниот живот почнува да се вмешува и турската тајна полиција, како и претставници од руската и од британската амбасада, со цел да се прикрие вистината за страшниот злостор од минатото.

„Серенада за Надја“ претставува трогателна љубовна приказна и застрашувачки доказ за моќта на човечката блискост во тешки времиња.

SKU: 038767
Категории:,
ISBN:6082437411
АвторЗулфу Ливанели
Издавач:Антолог