Васил Шклјар е еден од најпознатите писатели во современа Украина. Успехот на неговите романи е фасцинантен. Шклјар е лауреат на многу литературни награди, но можеби една од најскапоцените од нив е народната – Шевченкова, која авторот ја доби, откако во 2011 година одби да ја прими од рацете на злосторничката власт нему доделената Национална награда „Тарас Шевченко“.
Васил Шклјар… стави крај на исцрпувачките дискусии за непомирливоста на „масовната“ и „елитната“ проза. – “Украина молода”
Истенчениот психологизам, филозофскиот пристап, иронијата, интелектуалната и јазичната грациозност им обезбедуваат на романите на Васил Шклјар статус на светла, оригинална појава во современата литература. – “Кореспондент”
Вождовите, како Маврите, ја направија својата работа и заминаа во емиграција, а востаниците, поусто чекајќи го нивниот сигнал за сеукраинското движење, војуваа уште скоро десетина години. Прототип на мојот главен херој стана еден од најзагадочните атамани – Црниот Гавран. Украинската книжевна критика го мрази брзиот развој на настаните. Не се подготвувам да ѝ угодувам, но кај мене и освен сижето има доволно средства, за да го држам вниманието на читателот, чиј интерес го ставам над сè. – Васил Шклјар



