Запознај го Марк – мал истражувач кој верува дека секое патување е нова авантура.
Кога со своето семејство ќе пристигне во арктичката шума во Лапонија, Марк не ни насетува дека ќе стане дел од една необична приказна. Шумата е полна со живот, правила и тајни – а сите жители не се искрени како што изгледаат.
Првата книга од серијалот „Авантурите на Марк“ е топла приказна за мали херои, големи лекции и за љубовта кон природата.



