Обликот на водата

420 ден

Вистината е како водата. Секогаш ја менува својата форма во зависност од садот во кој ќе ја ставиш.

Силвио Лупарело, еден од највлијателните љуѓе во гратчето Вигата, е пронајден мртов во својот автомобил, со спуштени панталони, во озлогласениот дел …

На залиха



ИЗВАДОК ОД КНИГАТА

Преземи извадок од книгата во PDF формат

Преземи извадок

Вистината е како водата. Секогаш ја менува својата форма во зависност од садот во кој ќе ја ставиш.

Силвио Лупарело, еден од највлијателните љуѓе во гратчето Вигата, е пронајден мртов во својот автомобил, со спуштени панталони, во озлогласениот дел од градот што го користат проститутки и дилери на дрога.

Како што се шири веста за неговата смрт, почнуваат да се шират и спекулациите. Медицинскиот извештај е категоричен: природна смрт, но комесарот Монталбано ја продолжува истрагата уште два-три дена. Со својата карактеристична мешавина од хумор, цинизам, сочувство и љубов кон добрата храна, решен е да се избори против моќните и корумпираните, кои со разни сплетки му го блокираат патот до вистината. Но и кога ќе ја открие, тој дел од неа ќе задржи за себе…

„Или го сакате Андреа Камилери или сè уште не сте го прочитале. Да живеат Камилери и Монталбано!“ А. Џ. Фин, автор на бестселерот Жената на прозорецот

„Со своето творештво, Камилери остави длабока трага во современата италијанска литература, создавајќи уникатен свет во кој јазикот, иронијата и човечноста се спојуваат во препознатлив авторски универзум.“ Радица Никодиновска

SKU: 039606
Категории:,
ISBN:9786082810782
АвторАндреа Камилери
Издавач:Три