Координата Тупаница

420 ден

Анархистички анахронизам at its finest – Вака некако во два-три збора, во стилот на романот „Кордината тупаница“, би бил опишан животот на главниот [анти]јунак Корда Главосек. Романот претставува сатира, алегорија, прониклив in your face приказ на сл…

На залиха



ИЗВАДОК ОД КНИГАТА

Преземи извадок од книгата во PDF формат

Преземи извадок

Анархистички анахронизам at its finest – Вака некако во два-три збора, во стилот на романот „Кордината тупаница“, би бил опишан животот на главниот [анти]јунак Корда Главосек. Романот претставува сатира, алегорија, прониклив in your face приказ на сложените општествено-политички односи на денешниот свет, но и на светот низ историјата и во иднината, отсликан низ згодите и незгодите на Корда, водач на руската мафија „Отровна руска тупаница“, пијаница, женкар, љубител на опојни дроги и на сите можни пороци, сведок и учесник во сите позначајни историски настани, кој своите проблеми, како и проблемите во светот, ги решава со агресија и алкохол. На неговите страници се среќаваат на едно место, честопати еден покрај друг или еден против друг, некои од најважните ликови, вистински и фиктивни, од човековата историја (Распутин, Лао Це, Мао Це Тунг, Хирохито, Фидел Кастро, Ѓорѓи Буш Помкл, Ким Јонг Ил, Слободан Милошевиќ, Луцифер, Трите прасиња и др.), сите опишани во една пародична светлина, преку црн хумор од кој никој не е поштеден. Расизмот, предрасудите, стереотипите, војните, авторитаризмот, национализмот, криминалот, алкохолизмот… – сето тоа се теми за кои иронично, саркастично и без влакна на јазикот се зборува во ова дело, а кои се поставени на фонот на познати историски епови, бајки и книжевни дела, како и на фонот на класичната и поновата рокнрол музика, филмска индустрија и попкултура, што му дава на текстот посебен белег и привлечност поради иновативниот и визуелно-филмски начин на кој е пишуван.

SKU: 039623
Категории:,
ISBN:9786082522579
АвторЛеонтин Чапо Милениќ
Издавач:Македоника Литера