Знам што чувствуваш

299 ден

Хана е млада и амбициозна девојка која заедно со својот тим макотрпно работи на развој на иновативна апликација. Во последните пет минути пред полноќ, успева да го испрати проектот и со тоа, преку потесниот избор, и обезбедува на својата компанија учество на интернационална конференција во Шведска.

На залиха



ИЗВАДОК ОД КНИГАТА

Преземи извадок од книгата во PDF формат

Преземи извадок

Хана е млада и амбициозна девојка која заедно со својот тим макотрпно работи на развој на иновативна апликација. Во последните пет минути пред полноќ, успева да го испрати проектот и со тоа, преку потесниот избор, ѝ обезбедува на својата компанија учество на интернационална конференција во Шведска. Целиот тим ги полага своите надежи во нејзината презентација на големата сцена во конференциската сала.

Но апликацијата што ќе ја претстави Хана крие нешто многу повеќе од технолошка иновација. Станува збор за уникатен детектор на чувства и состојби, на корисникот. Но, што се случува кога ќе се премине линијата и ќе се влезе во недозволеното?

Во Шведска, Хана го запознава шармантниот Бен, и подлегнува на искушението да ја злоупотреби апликацијата за да дознае што навистина тој чувствува. „Знам што чувствуваш“ е духовита и романтична комедија која нѐ потсетува дека технологијата можеби може да ги прочита емоциите, но љубовта е таа која секогаш ги диктира правилата на срцето.

SKU: 039631
Категории:,
ISBN:9786081200409
АвторТатјана Кацарска Станоевска
Издавач:Артикл: Книга на македонски јазик