Сама против Ерос

290 ден

Книга “Сама против Ерос” од авторот Линдита Ахмети.

На залиха

Линдита Ахмети (26 април 1973, Призрен – 8 април 2024 година, Скопје) – една од најдаровитите и најактвините поетеси на својата генерација. Има дипломирано и магистрирано на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работеше како научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и активно се занимаваше со научно-истражувачка работа. Има објавено голем број збирки песни на албански јазик: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“, „Сама наспроти Ерос“, „Цветот алба“, „Од брезовата шума на татко ми“, „Соба без излезна врата“. На македонски јазик, претходно се издадени стихозбирките: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“ и „Акцентот паѓа врз Хермес“.

Нејзините дела се преведени и на бугарски, полски, англиски и шпански јазик.

Ахмети беше и одлична преведувачка од македонски на албански, како и од албански на македонски јазик. Членуваше во Македонскиот ПЕН-центар. Во 2022 ја доби државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата.

ISBN:9786081011364
АвторЛиндита Ахмети
Издавач:Матица македонска