Постојат рани што времето не ги затвора.
Само ги учи да молчат.
Постојат љубови што одамна завршиле, а сепак чекорат по нас како сенки.
Зборови што никогаш не сме ги изговориле и ноќи што сè уште дишат во нас.
Ги закопуваме длабоко, убедени дека она што не се гледа – не постои.
Но душата памети.
И понекогаш, во најтивкиот час, го враќа сето она од кое сме бегале.
Оваа книга е за тие тивки гробишта во нас.
За она што умрело, а никогаш не нè напуштило.
За вистините што не се изговараат – туку се пронаѓаат меѓу редовите на душата.



