Од каде некои луѓе ја црпат својата бесконечна самодоверба? Од грне на крајот од виножитото? Би сакала и јас да го најдам.
Скарлет Вандермир плива против струјата. Студентка на Станфорд и натпреварувачка во скокови во вода, претпочита да чекори со спуштена глава, да ги избегнува забавите и да учи посветено за да се запише на медицинскиот факултет. Борејќи се да ја надмине старата повреда на рамото и да излезе од менталната блокада што се заканува да ѝ ја уништи кариерата, таа се убедува дека нема време за врски.
Но сето тоа е ставено на тест кога ќе стане свесна за постоењето на Лукас Бломквист – капитен на пливачкиот тим, светски шампион, поранешно момче на нејзината најдобра другарка.
На прв поглед, Лукас и Скарлет немаат ништо заедничко. Сѐ додека случајно не се открие една добро чувана тајна, која ќе промени сѐ. Тензиите се зголемуваат – и поради приближувањето на олимписките квалификации и поради привлечноста меѓу нив. Она што почнува како необврзувачка авантура, постепено заличува на вистинска емотивна врска. Скарлет сфаќа дека нејзиното срце тоне во длабоки, забранети води…



