Збирката раскази за деца „Борко Брзозборко“ се доживува како мал исечок од големото платно на животот на децата и возрасните. Оваа книга ја брише границата меѓу литературата за деца и возрасни бидејќи еднакво е читлива, интересна и прифатлива за сите возрасти. Опфаќа различни теми, ставајќи посебен акцент на социо-емоционалните односи во семејството, во училиштето, како и во поширокото општествено опкружување.
Со многу умешност, ненаметлив хумор, со интерактивен пристап, од една страна, но и со висока литературна вредност, од друга страна, Ксенија Маказлиева Трајчева успева да ги раскаже секојдневните предизвици, желби и соништа на современото дете.



