Девојката во огледалото

399 ден

Напишан во најнаш стил од кој се заледува крвта, полн со ненадејни пресврти, во кој се напишани и „Сопругата меѓу нас“ и „Има нешто во водата“, ова е трилер кој веднаш привлекува со приказната за идентични близначки, алчност, тајни и за смртоносни лаги.

На залиха

Напишан во најнаш стил од кој се заледува крвта, полн со ненадејни пресврти, во кој се напишани и „Сопругата меѓу нас“ и „Има нешто во водата“, ова е трилер кој веднаш привлекува со приказната за идентични близначки, алчност, тајни и за смртоносни лаги.

Ајрис и Самер, сестрите близначки, изгледаат вџасувачки исто: но, под она што се гледа лежи една темнина која сосем ги разликува. Цинична и несигурна, Ајрис одамна ѝ завидува на Самер за нејзината навидум вечно среќна судбина.

Кога Самер ја повикува Ајрис на Тајланд за да ѝ помогне да ја однесат семејната јахта по морски пат до Сејшелите, Ајрис почнува скришно да се надева дека на тоа патување ќе се случат некои работи. Но, еден вознемирувачки инцидент среде Индискиот Океан менува сè.

Ајрис сега добива можност да зачекори во оној златен живот за кој секогаш ѝ завидувала на сестра си, и да се доближи уште малку до наследството вредно сто милиони долари што им го оставил нејзиниот татко манипулатор. Ајрис само треба да се погрижи токму таа од сите седум негови деца да биде првата што ќе ги исполни чудните услови наведени во тестаментот.

Но, Ајрис набргу открива дека нејзината сестра близначка чувала повеќе од една тајна, и сега животот ѝ се тетерави меѓу гламурозен сон и параноичен кошмар. Во семејство во кое победникот собира буквално сè, кому да верува? И, колку далеку ќе оди за да го дограби животот за кој отсекогаш сонувала?

„Жестоко забавен. Романот е како тријатлон: дел е трилер со злобна сестра близначка, дел е „Како, како?“ (во превод, „Како го сторила тоа?“), дел е сочна семејна драма. Во блендер ставаш Обвинување некого за твоето сторено зло, додаваш Двојно осигурително обесштетување поради несреќен случај, одозгора ставаш малку Мртво ладно, потоа мешаш, и на крај добиваш коктел како Девојката во огледалото – свеж, вкусен, крајно опоен“. – А.Џ. Фин, автор на „Жената на прозорецот“

SKU: 039707
Категории:,
ISBN:9786082086934
АвторРоус Карлајл
Издавач:Топер