Професори на смртта 2

499 ден

„Дејан Лучиќ е единствениот писател на шпионски романи, кој во Русија им има одржано предавање на младите разузнавачи од ГРУ во Санкт Петербург во 2015 година, кога ја доби наградата на Библиотеката на Мајаковски.

На залиха

„Дејан Лучиќ е единствениот писател на шпионски романи, кој во Русија им има одржано предавање на младите разузнавачи од ГРУ во Санкт Петербург во 2015 година, кога ја доби наградата на Библиотеката на Мајаковски. Тоа значи дека моите млади колеги од тајната служба го доживуваат Дејан Лучиќ како многу важен писател и познавач на струката!

Руските протоколи, втората книга од Професори на смртта, нè водат во нова авантура, напишана во вид на дневник-трилер, чијшто јунак е тајниот агент Олег Долгоруков, мој млад колега, кому животот му мести да биде сведок, но и актер во важни разузнавачки операции во Сирија, Србија, САД и во Франција.

Руските протоколи е хронологија, која опфаќа период од речиси десет години, во текот на кои се убиени членовите на службата Јуриј Иванов и Игор Сергун, во Сирија, а во Њујорк претставникот на Русија во Обединетите нации Виталиј Чуркин.

Во Руските протоколи ќе откриете кој ги порачува и извршува убиствата на добрите луѓе во светот.

Дејан Лучиќ во овој трилер ја открива најголемата тајна на Русија: членовите на царското семејство Романови не се убиени, а извршителите на превратот Ленин и Троцки биле љубовници. Руските протоколи се словенска шпионска сага, која најмногу потсетува на шпионските филмови за Џемс Бонд и за Џејсон Борн, само што ова е – Вистина!“

SKU: 039709
Категории:,
ISBN:9786082087283
АвторДејан Лучиќ
Издавач:Топер