Сета наша погрешна сегашност

270 ден

Ја знаете ли иднината што си ја замислувале луѓето од 50-тите години на минатиот век? Епе сé се остварило. Во 2016 година на Том Берен човештвото ужива во техноутописки рај со летачки автомобили, подвижни улици и бази на Месечината, каде што авокадот…

На залиха

Ја знаете ли иднината што си ја замислувале луѓето од 50-тите години на минатиот век? Епе сé се остварило. Во 2016 година на Том Берен човештвото ужива во техноутописки рај со летачки автомобили, подвижни улици и бази на Месечината, каде што авокадото никогаш не скапува и панк-рокот никогаш не ни постоел… бидејќи немало потреба од него.

Проблемот е што Том не може да го најде своето место во овој фантастичен, идеалистички свет и тоа уште пред целиот живот да му се преврти наопаку. Заслепен од една судбоносна незгода, Том донесува избрзана одлука, која не го менува само неговиот живот, туку и самиот состав на универзумот. Со настаната грешка при патување низ времето, Том се наоѓа во нашата 2016 година, таа што за нас е реална. За Том, нашата реалност изгледа како депресивна пустелија.

Но, кога ќе ги открие неочекуваните верзии од својата фамилија, кариера и, можеби – само можеби – неговата сродна душа, Том мора да донесе одлука. Дали да го поправи историскиот тек на настаните и да го врати својот утописки универзум или да се обиде да создаде нов живот во оваа наша несовршена и непредвидлива реалност?

Сета наша погрешна сегашност е несекојдневна приказна за неочекувани патувања и алтернативни патеки, семејство, пријателство и љубовта во нејзините најразлични форми и облици. Патување низ времето, но и низ животот на еден човек кој ќе научи кој можел да биде, но можеби никогаш не требало да биде, што на крајот ќе го доведе до тоа кој навистина е.

SKU: 039710
Категории:,
ISBN:9786082085166
АвторЕлан Мастаи
Издавач:Топер