Замислете дека вашиот живот е стартап. Како би го управувале за да биде навистина успешен?
Токму тоа е прашањето што го поставува Досие среќа, богата збирка инспиративни и поучни есеи од Артур Ч. Брукс, светски познат по својата мудрост и практични совети во неговата неделна колумна за „Атлантик“. Наједноставниот одговор, како што објаснува Брукс, е да го управувате својот живот така што ќе ве води кон вистински вредни награди: љубов, задоволство, исполнетост и смисла – со други зборови, среќа.
Надоврзувајќи се на својот курс „Лидерство и среќа“ на Харвардската бизнис-школа, Брукс истражува како да се постигне вистинска среќа во работата, пријателствата, љубовта и во врските со другите, нудејќи конкретни, научно поткрепени и лесно применливи пристапи за поисполнет живот.



