Дали навистина верувате дека еден ден ќе дојде момент кога ќе имате сè под контрола?
Оливер Буркеман има јасна порака: тој ден никогаш нема да дојде. Наместо тоа, нуди филозофија на ослободување од совршенството, во која нашето ограничено време, неизвесната иднина и бескрајните обврски не се проблеми што треба да се решат, туку наша реалност.
Но и во таква реалност можат да процветаат смислата, мирот и радоста – токму тогаш кога ќе престанеме залудно да се обидуваме да ја покориме. Книгата ќе ве води низ четиринеделно патување: од прифаќање на сопствените ограничувања, преку храброст за несовршено дејствување, па сè до подлабоко доживување на сегашниот момент.



