Стани сезнајко и тргни на едно чудесно патување за да ја откриеш и истражиш супернауката, чудата на природата и чудесата на медицината.
Научи сè за тоа како функционира светот околу тебе. Откриј ја разликата меѓу научници и пронаоѓачи, дали Земјата е џиновски магнет, како сончевите зраци стануваат електрична енергија што го напојува твојот дом, како лекарите можат да направат слика од твоите коски и уште многу, многу повеќе.
Отвори ги прозорчињата и преклопените страници за да дознаеш интересни факти. А, згора на сето тоа, еден важен научник е прикажан со огромната скокачка страница!



