Љубов, море и лимончело

350 ден

Сè е возможно кога некого сакаш премногу.

Елени, триесет и тригодишна девојка од Чикаго, изневерена од своето момче Дон, се наоѓа пред привлечна животна одлука. Наградата, која случајно ја добива преку апликацијата „Инстаграм“, ѝ отвора многу прашања.

На залиха

Сè е возможно кога некого сакаш премногу.

Елени, триесет и тригодишна девојка од Чикаго, изневерена од своето момче Дон, се наоѓа пред привлечна животна одлука. Наградата, која случајно ја добива преку апликацијата „Инстаграм“, ѝ отвора многу прашања. Дали да остане во својата комфорна зона во дождливото Чикаго или да остави сè зад себе и да се впушти во возбудлива авантура на другиот крај од светот, во сончевото Позитано, и да присуствува на тримесечна обука за готвење со десетици непознати луѓе.

Популарната италијанска песна „Sarà perché ti amo“, која ја слуша на радиото во автомобилот, и ограбената галерија за уметнички слики каде што работи веќе неколку месеци се двата знака што ѝ помагаат полесно да ја донесе одлуката. Новиот живот во Позитано ќе ѝ биде исполнет со многу комични и возбудливи настани, кои ќе ѝ го променат животот од корен.

„Љубов, море и лимончело“ е романтичен крими-роман, кој нема да ве остави рамнодушни и ќе ве однесе во светот на Елени исполнет со многу забава, необична љубов, многу интриги и измами и, најверојатно, ќе го прочитате во еден здив.

SKU: 038885
Категории:,
ISBN:9786082089652
АвторТатјана Кацарска Станоевска
Издавач:Топер