Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како Вајлди, момчето од шумата.
Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син и дека е исто толку зачуден од неговото постоење како и самиот Вајлди.
Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Наскоро, Вајлди открива дека тие се поврзани со еден од неговите новооткриени роднини и дека нивните матни активности предизвикале навидум незапирлива убиствена спирала.
Кога доксерите еден по еден умираат, така станува јасно дека тие стануваат мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди…
„Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.



