Хитлер (1889-1945) е основоположник и централна фигура на националсоцијализмот, основач на тоталитарната диктатура на Третиот Рајх, водач на Националсоцијалистичката работничка партија на Германија (1921-1945), канцелар на Германија од 1933, врховен командант на оружените сили на Германија во Втората светска војна, творец на холокаустот.
Мојата борба е едно од најконтроверзните дела на светот. Кога се појавил нејзиниот прв том во Германија, на 19 јули 1925, била наречена „Библија на германскиот народ“. Според К. Хајден, таа спокојно може да се нарече Библија, но – сатанистичка! Во неа Хитлер го фалсификувал својот живот, претставувајќи се во херојска светлина достојна за водач на една партија и за творец на националсоцијализмот.



