Нежна и волшебна приказна за семејството, пријателството и за една сосема несекојдневна љубов.
Елизабет е премногу зафатена за да се забавува. Како сопственичка на приватен бизнис и затечена мајка на нејзиниот внук Лук, шестгодишниот син на нејзината неодговорна сестра Сирше, секој слободен момент ѝ е скапоцен. Но бидејќи Сирше влетува и излетува од нивните животи оставајќи ги на цедило, на Лук и Елизабет очајно им е потребна магија.
А тогаш, доаѓа Ајвен – непосреден човек без ограничувања и секогаш во потрага по авантура. Елизабет не може ниту да замисли дека Ајвен ќе ѝ го промени целиот живот. Сепак, нејзе ѝ се чини дека тој е премногу добар за да е вистински. Ќе ѝ биде ли срцето повторно скршено?



