Како да правите ништо

420 ден

Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп.

На залиха

Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп. Но, во овој инспиративен водич за отфрлање на економијата на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да си ги вратиме нашите животи.

Одел го гледа нашето внимание како најскапоцен, но и најискористен ресурс што го имаме. И мораме активно и континуирано да избираме како го користиме. Можеби не го користиме за работи што капитализмот ги смета за важни… но откако ќе почнеме да обрнуваме нов вид внимание, пишува таа, можеме да преземеме посмели форми на политичка акција, да ја преосмислиме улогата на човештвото во животната средина и да постигнеме посуштинско разбирање на среќата и прогресот.

Далеку од обемните антитехнолошки фермани или медитации за враќање кон природата за кои толку често читаме, Како да правите ништо е акционен план за размислување надвор од капиталистичките наративи за ефикасност и техно-детерминизам. Провокативна, навремена и потполно убедлива, оваа книга ќе го промени начинот на кој гледате на вашето место во нашиот свет.

SKU: 037268
Категории:,
ISBN:9786082677897
АвторЏени Одел
Издавач:Арс Ламина