„Наградата „Јован Котески“ годинава се доделува на книгата Интимистичка Вајбер поезија од поетесата Елена Пренџова од Скопје. Станува збор за љубовна, интимна поезија која содржински и визуелно создава една искрена, доживеана поетска книжевна творба. Пренџова е веќе зрела и оформена авторка, а тоа го потврдува и со оваа своја најнова лирска книга.“
Од образложението на жири-комисијата: Зоран Јакимоски, проф. д-р Христо Петрески и д-р Марина Мијаковска за наградата „Јован Котески“ – 2018



