Политика на приватност
Информации за контролорот
Книгоиздателство МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје е правно лице основано во Република Северна Македонија, со седиште на Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје, со ЕДБ 4030991163493 и ЕМБС 4260830.
Информации за офицерот за заштита на лични податоци
Доколку имате било какви прашања поврзани со оваа Политика на приватност кога ја користите нашата веб страница, Ве молиме да го контактирате нашиот офицер за заштита на личните податоци Илина Шаревска преку е-пошта [email protected] или на телефон 070/460-015.
Општи информации
Ние, МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје се залагаме за зачувување на принципот на приватност и законитост во собирањето, користењето и заштита на личните податоци. Високо го цениме односот со нашите купувачи и одговорно сме посветени во управувањето со личните податоци на корисниците. Посветуваме големо внимание во чувањето на личните податоци, во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Сл. Весник бр. 42/20 на РСМ“) и во согласност со интерните стандарди и деловни практики.
Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
Ние, исто така, ги собираме вашите податоци со цел да ги следиме легитимните интереси на МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје, освен ако вашите интереси или основните права и слободи не ги надминуваат овие интереси. Под легитимни интереси подразбираме: информации за промени во услугите и производите, новости во работењето на нашата компанија, да ве контактираме во случај да имате поднесено поплака или да доставиме одговор на вашето барање, да Ве известиме за промоции кои ги организираме како и да го подобриме квалитетот на нашите услуги.
Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, email, адреса за достава и телефон за контакт.
Единствениот матичен број на граѓанинот не го собираме, чуваме ниту обработување, водејќи се кон начелото на минимален обем на собирање лични податоци
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, не се објавуваат ниту пак продаваат на трети лица.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме реализација на самата нарачка како и да ви обезбедиме производи и услуги за да го подобриме работењето на веб страницата, за да ги подобриме нашите промотивни активности, за да ја анализираме корисноста на веб страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги.
Ние, исто така, ги собираме вашите податоци со помош на колачиња за да одредиме како ја користите нашата страница, како и да анализираме, статистички запишуваме и обработуваме информации за производите што ги бараат и купуваат нашите посетители и страниците што ги посетуваат. Ние ги користиме информациите што ги собираме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашите веб-страници, да ви овозможат полесно да ги користите, да направите шопинг побезбеден и поудобен и да ја прилагодиме нашата понуда и изгледот на нашите страници до вашата страница. За повеќе информации за тоа како да користите колачиња, погледнете ја оваа Политика за приватност подолу.
При самата регистрација (само доколку сте ја селектирате опцијата да ја користиме Вашата е-маил адреса) вие станувате дел од базата на Матица со цел првовремено да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката.
Потрошувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Матица не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
Потрошувачот може во секој момент да ги ажурира своите податоци или пак да поднесе барање до МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје за ажурирање на личните податоци.
МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка се чувани и користени исклучиво од страна на ХалкБанк AД Скопје. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на ХалкБанк AД Скопје. Порталот користи најсовремена заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје не собира или користи намерно податоци од малолетни лица.
МАТИЦА МАКЕДОНСКА ДООЕЛ Скопје ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имаш какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можеш да нè контактираш на [email protected]. Притоа, твојот e-mail нема да биде искористен за друга намена.
Вашите права во однос на обработка на личните податоци се право да бидете информирани за обработката на истите, кои лични податоци се обработуваат, право на пристап до личните податоци, право на приговор на обработка на личните податоци за директен маркетинг, право на корекција или бришење на личните податоци по Ваше барање за кое барање ние мораме да постапиме
Процес на регистрација и најавување на нашата веб страница
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за исполнување на договорната обврска на контролорот т.е. за успешна достава на производите и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци кои секој корисник/потрошувач ги внесува при регистрација на нашата веб страница за кориснички профил се:
- Име;
- Презиме;
- Е-маил;
- Лозинка;
- Телефонски број;
- Град,
- Адреса.
Напред наведените личните податоци со исклучок на е-маил адресата се внесуваат откако корисникот ќе се регистрира, а заради вршење на испорака на нарачката на корисникот.
Личните податоци кои секој регистриран корисник/потрошувач ги внесува при најава на нашата веб страница се корисничко име/е-маил и лозинка.
Овие лични податоци ние ги користиме исклучиво за исполнување на нашите договорни обврски, т.е. испорака на Вашите нарачани производи.
Исклучиво потрошувачот има пристап до неговиот кориснички профил и ние не ги знаеме Вашите лозинки, туку тие се криптирани. Исто така, лозинката може да ја промените во било кое време.
Исто така, Вашата е-маил адреса ја користиме за целите на директен маркетинг кои ги врши Матица, и за кој има донесено и технички и организациски мерки за безбедноста на Вашите лични податоци.
За целите на директен маркетинг, потребно е да ја добиеме Вашата експлицитна и недвосмислена согласност со селектирање на опција за добивање на известувања за промоции за што Ви даваме избор кога ја вршите регистрацијата на Вашиот профил на www.matica.com.mk со селектирање на опцијата „Сакам да добивам известувања за промоции и новости“. Доколку ја селектирате таа опција, Вие станувате дел од нашата база на корисници за директен маркетинг и ќе бидете известувани во иднина за нашите промотивни настани, промоции и новости.
Во било кое време Вие можете да ја повлечете Вашата согласност за маркетинг цели и ние веднаш ќе постапиме согласно Вашето повлечено барање и нема да продолжиме да ја користиме Вашата е-маил адреса за маркетинг цели и истата ќе биде избришана од страна на третата страна која го врши нашиот маркетинг.Повлекувањето на Вашата согласност може да го извршите преку е-пошта [email protected] или со поднесување на писмено барање до нашето седиште на Бул. Св. Климент Охридски бр. 23 Скопје.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Ние ги чуваме Вашите лични податоци само колку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани, да ги задоволиме Вашите потреби и барања или да ги почитуваме нашите законски обврски за исполнување на договорите кои ги имаме склучено со Вас.
Исто така, Вашите лични податоци може да ги задржиме и откако ќе се исполни целта за која се собрани, доколку тоа се бара со Законот за заштита на лични податоци или со друг закон или доколку се води било каква постапка пред надлежните органи.
Доколку имате дадено експлицитна согласност за директен маркетинг, ние ќе ги задржиме Вашите лични информации сè додека не ја откажете Вашата согласност или не побарате од нас да ги избришеме личните информации и да го прекинеме известувањето.