ОВОЈ ЖИВОТ ОД ТРИЕСЕТ И НЕКОЈА

260 ден

На залиха

Не е лесно да бидете маж од триесет и некоја (особено кога се‘ уште посакувате да бидете маж од дваесет и некоја). Запознајте го Хари Спенсер, наставник по историја, малку себичен, површен, емотивно несозреан и се‘ уште приврзан за своето младешко друштво…Неговата убава сопруга Емили, му соопштува дека е бремена. Не е подготвен да стане татко.

А потоа, пред искушението во облик на поранешната секси девојка, тој мора да ја донесе најважната одлука во животот. дали е способен да стане маж, или ќе подлегне пред искушението да му се исполнат момчешките фантазии?

Ова е љубовна приказна која раскажува за тоа што се случува откако ќе се вљубиме, кога лудориите во креветот ги заменуваме со пушење цигари во шупата, а фудбалот го заменуваме со продавници за детска опрема. Сурово искрен, пријатен и екстремно духовит дневник кој од срце ќе ве насмее и ќе ви ја раскаже приказната за трапавото патување на еден маж кон својата зрелост. Сите мораме еднаш да пораснеме…