Поминале триесет години откако Грета го напуштила Марчмонт хол, величествена и прекрасна куќа вгнездена на падините на Монмутшир. Но, кога таа се враќа во Хол за Божик, на покана на нејзиниот стар пријател Дејвид Марчмонт, таа не се сеќава на минатото поврзано со ова место – резултат од ужасна незгода која затемнила и избришала речиси две децении од нејзиниот живот. И тогаш, за време на една прошетка низ зимскиот пејзаж, таа наидува на гроб во шумата. Избледениот напис на надгробната плоча нагризана од времето и‘ открива дека тика поцива мало момче.
Со помош на Дејвид, Грета тргнува во потрага одново да ги открие загубените сеќавања, па почнува да ги сложува, дел по дел, сите парчиња не само од сопствената приказна, туку и од животот на ќерка и‘, Ческа – трагична жртва на неконтролирани околности. И најважно од се‘, ќерка која ни одблизу не е ангел како што изгледа…