Една летна ноќполицијата наоѓа мртво тело на млада жена, оставено на јахта, која слободно ја носат струите околу архипелагот на Стокхолм. Белите дробови и’ се полни со застојана вода, а форензичарите се сигурни дека таа се удавила. Тогаш, зошто јахтата и понатаму слободно плови и зошто нема никакви траги од вода на телото и на нејзината облека?
Следниот ден, во својот раскошен стан во Стокхолм, е пронајден мртов маж – обесен на јажеприцврстено на таванот. Сите докази укажуваат дека станува збор за самоубиство, иако околу него нема ниедно парче мебел на кое можел да се поткачи за да се обеси. Инспекторот Јона Лина почнува да ги составува парчињата од обете мистерии, ама влетува во цела низа вртоглави и опасни случки.