Славна сага сместена во времето на декадентниот и суров древен Рим – од Форумот до Колосеумот, од раскошните сали за гозби до летниковците во Неапол, од луксузните вили на благородништвото до мрачните и влажни катакомби на сиромасите. Поставена на пресвртницата во историјата, во првиот век од новата ера, додека христијанството го заменува времето на корупција и неморал што го обележува Нероновит Рим се одвива невозможна љубовна приказна помеѓу Винициј, горд римски патрициј и Лигија, христијанка и недопирлива убавица, таинствена девојка која исчезнува онаа ноќ кога ќе се сретнат.
Додека Нероновата лудачка смеа одѕвонува во амфитеатарот, а гладијаторите во арените се борат до смрт, на младите љубовници им се скратува времето. Нивните светови ги делат идеолошки разлики: на грубостите на незнабожествениот царски Рим се спротивставува нова доктрина која проповеда љубов кон ближниот, молитва и верба во спасението.