АтентаТ

840 ден

„Студијата „Скопскиот атентат“ од д-р Зоран Доревски претставува квалитетно изведена монографска анализа на политичкото насилство извршено врз претседателот Киро Глигоров во 1995 година. Таа се заснова врз систематизирани сознанија, податоци и факти …

На залиха

„Студијата „Скопскиот атентат“ од д-р Зоран Доревски претставува квалитетно изведена монографска анализа на политичкото насилство извршено врз претседателот Киро Глигоров во 1995 година. Таа се заснова врз систематизирани сознанија, податоци и факти што овозможуваат убедлива реконструкција на околностите, актерите и последиците од еден од најзначајните безбедносни настани во современата македонска историја.

Книгата претставува заокружена криминалистичка анализа на сложениот феномен атентат, при што се идентификуваат политичките, безбедносните, регионалните и геостратегиските фактори што директно или индиректно влијаат врз неговото планирање, извршување и расветлување. „Смислата на ваквите академски анализи не е да ја заменат судската вистина ниту институционалната одговорност, туку да создадат поширока аналитичка рамка во која расфрланите факти, сведоштва и настани ќе бидат доведени во логична врска и ќе овозможат подлабоко разбирање на сложените историски процеси.“ Проф. д-р Цане Т. Мојаноски „Посебната вредност на ова дело е во тоа што атентатот не се разгледува само како поединечно кривично дело, туку како сложен политичко-безбедносен феномен во кој се испреплетуваат криминалистички, геополитички, разузнавачки и општествени фактори. Ваквиот интердисциплинарен пристап на авторот претставува редок пример во современата литература во Југоисточна Европа.

Академик проф. д-р Нецад Корајлиќ Рецензент „Зоран Доревски, во најдоброто светло на писателите на трилери, се обидува — и во тоа успева — од обидот за убиство на македонскиот претседател Киро Глигоров во 1995 година во Скопје да создаде своевиден документ за тој настан, детално анализирајќи сѐ: од геополитиката и тајните служби, па сѐ до последниот форензички детал, додавајќи му го тоа добра доза детективски наратив“…