„Македонија е држава која не смееше да си ја дозволи небулозата со неа да владеат одредени центри на моќта и на мафијата. Ние како да сме пример на држава која врие од секојдневни скандали,афери, сомневања, обвинувања, инсинуации, политички пресметки и поттурнувања. Нашата кратка историја на независна држава се карактеризира и со избрани зла – без име, знаме, утврдени определени граници, територија врз која таа го владее својот суверенитет… На пример, дури ниту во статистиката националниот македонски идентитет не е автентично утврден според резултатите од пописите на населението, туку токму тоа што и е констатирано во прашањето, овој народ постојано ги очекува резултатите од белосветските лаборатории на творците на нашата нестабилност и неизвесност.
Денес, дефинитивно во Македонија мафијата владее со субјектите и со структурите на сите елементи на власта од локалните до републичките институции. Ha компетентните служби се уште не им е јасно каде се наоѓа главата на “октоподот” – дали во партиските структури или во оние институции кои треба да го пронајдат, да го фатат и да го ликвидираат тоа зло, кое ни ја подрива и жестоко ни ја урива државата. Како да се наоѓаме меѓу изборот на две понудени зла, па можеме да го избереме или помалото или поголемото, а традиционално по сите избори, диригирани однадвор и одвнатре, поголемото и помалото зло се обединуваат во коалиција против интересите на државата и на граѓаните. А професионалците добро знаат дека организираниот криминал и тероризмот се сијамски близнаци…”



