Бебиситерката

550 ден

На најжешкиот ден во годината, Каролајн Харви е пронајдена мртва во Сафок. Нејзиното тело е оставено свиткано над креветчето – но го нема бебето што го чувала.
Стотици километри подалеку, Шивон Дилон е на луксузен семеен одмор во Франција, кој е наг…

На залиха

На најжешкиот ден во годината, Каролајн Харви е пронајдена мртва во Сафок. Нејзиното тело е оставено свиткано над креветчето – но го нема бебето што го чувала. Стотици километри подалеку, Шивон Дилон е на луксузен семеен одмор во Франција, кој е нагло прекинат кога француската полиција го апси нејзиниот сопруг Калум под сомнение за убиство.
Бидејќи совршеното семејство на Шивон е распарчено од медиумите во избезумената потрага по исчезнатото бебе, таа очајно се обидува да открие како Калум ја познавал Каролајн.
Што се случило таа вечер? Дали Каролајн била невина како што изгледа – или, пак, криела некоја своја тајна?
Приказната постепено ни ја открива вистината додека за настаните што довеле до убиството зборуваат двете жени најблиски до Калум – Шивон и Каролајн. И двете го сакале, тој и двете ги изневерил – но дали е тој убиецот?

SKU: 039456
Категории:,
ISBN:6084850625
АвторФиби Морган
Издавач:Полица