БЕЛАТА ХРИЗАНТЕМА-МАТИЦА

289 ден450 ден

На залиха

„ После секое нуркање со погледот барај ја сестра ти. Никогаш не заборавај го тоа. Ако ја видиш неа, безбедна си.“

Хана и нејзината помлада сестра Еми и‘ припаѓаат на островската заедница „хењо“, жени кои живеат од нуркање во длабоките води на морето на крајниот југ на Кореја. Еден ден Хана ќе здогледа јапонски војник кој се упатил на мосркиот брег точно таму каде што Еми го чува својот улов. Од страв за сестра си, Хана со сета сила ќе заплива кон брегот. Така започнува приказната за двете сестри кои одеднаш и жестоко го раздвоила војната. Раскажувајќи ја приказната за Ханаод 1943г. и Еми како старица од современа доба, Белата хризантема  не‘ води во мрачно и ужасно катче од историјата. Но, меѓусебната љубов на овие две жени успева да донесе светлина доволна да го потисне военото зло.

Роман за корејските „жени за утеха“, кои јапонските војници ги принудувале на проституција, богат со историски детали и длабоки емоции.