БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ

450 ден

На залиха

Куќата беше тивка. Немаше никаков знак дека нејзините родители се подготвуваат да заминат на работа, ниту пак, дека брат и` доцни во училиште. Дали тие ја казнуваат за сношти? Таа беше излезена на состанок со едно момче во време кога требаше да учи, а потоа ја имаше онаа ужасна расправија со татко и`…Па, каде се сите сега? Зошто нејзиното семејство исчезна?

Дваесет и пет години подоцна мистеријата се` уште не е ни одблизу решена и Синтија се` уште ја прогонуваат неодговорените прашања. Дали нејзиното семејство е убиено? Грабнато? Ако е така, зошто таа е поштедена? И, ако се живи, зошто ја напуштиле?

Потоа пристигнува писмо, писмо што нема никаква смисла. Наскоро Синтија сфаќа дека буричкањето во минатото може да биде најлошата грешка што некогаш ја направила…

 

SKU: 014762
Категорија: