Бојата на времето

450 ден

Во светската Енциклопедија на научната фантастика од д-р Зоран Живковиќ („Просвета“, Белград, 1991 година, во која се внесени сите творби и сите дела од сите земји и векови на теми од овој жанр, од над триста писатели од Македонија со свои одредници …

На залиха

Во светската Енциклопедија на научната фантастика од д-р Зоран Живковиќ („Просвета“, Белград, 1991 година, во која се внесени сите творци и сите дела од сите земји и векови на теми од овој жанр, од над триста писатели од Македонија со свои одредници се застапени само тројца автори: Влада Урошевиќ, Ферид Мухиќ и Стојмир Симјаноски. Во одредницата за Стојмир Симјаноски пишува: „Водечки југословенски писател на македонски јазик кој на жанровската сцена на научната фантастика е присутен од 1975 година од кога објавил повеќе научнофантастични дела. Симјаноски, главно, гради утописки, односно антиутописки визии сместени на далечните вселенски острови. Социјалните заедниции кои таму настануваат само на прв поглед се совршени, додека под нивната утописка глазура се кријат и се закануваат прикриените тоталитарни опасности.“ Во обемната студија на д-р Мурис Идризовиќ: „Македонската литература за деца“ („Наша книга“, Скопје, 1988), одделот за Симјаноски почнува: „Стојмир Симјаноски ја воведува научната фантастика во македонската литература која нашата фантастика како своевидна имагинативна претходница на човештвото во нашите литературни простори е сè уште во повод. За пишување на дела од научната фантастика е неопходен особен вид имагинативност и добра упатеност во светот на науката.“

SKU: 017944
Категории:,
АвторСтојмир Симјаноски
Издавач:Македоника Литера