БРАЌА ПО ДУША

390 ден

На залиха

Браќа по душа претставува потресно и емотивно сеќавање на малку познатата француско-сенегалска историја за време на Првата светска војна.Ако војните се повод за освојување на нови територии, за Алфа и Мадемба оваа војна ќе биде последен тест на нивното пријателство, последното збогум на убавината и на сите пропуштени бакнежи и нежности. Без да ја насетат наивноста во верувањето дека ќе станат почитувани француски државјани, двајцата Сенегалци, млади и од деца растени заедно, се пријавуваат во француската армија и заминуваат на големиот фронт. Но, Мадемба ќе биде убиен а, умирањето мачно и бавно. За Алфа започнува бескрајното лудило во кое ќе талка барајќи прошка поради одлуката која ја донел и неможноста да го докрајчи за да му ги скрати маките

Алфа го носи товарот на гревот, а Мадемба орденот на смртта. Низ спомените на осамениот Алфа, нивниот живот во родната Африка изгледа премногу далечен и недостижен, одново ќе се сретнат само кога ќе се претворат во ѕвезди на небото.

Авторот Давид Диоп, за ова дело ја добива престижната Букерова награда за 2021 година.

SKU: 035857
Категорија:
Book Author