Браќата Карамазови се смета за едно од најврвните достигнувања во светската литература, најголемото и најесeопфатното дело на Фјодор М. Достоевски.
Станува збор за страстен филозофски роман, чие дејствие се случува во XIX век во Русија. Романот покренува длабоки етички дебати за природата на Бог, слободната волја и моралот. Тоа е еден вид спиритуална драма за моралните борби поврзани со верата, сомнежот, судењето и разумот, со заплет кој се одвива околу прашањето за убиството на таткото.
Исполнет со страст, страдање, алчност, љубов, љубомора, тага и хумор – романот на Достоевски истовремено претставува и филозофска и теолошка расправа, и врвна психолошка анализа на природата на човекот.



