Будење

280 ден

Духовноста значи будење. Повеќето луѓе, иако не се свесни за тоа, се заспани и никогаш не ги разбираат убавината и радоста во она што го нарекуваме човеково постоење.

Будење е најпродаваниот водич на Ентони де Мело за духовниот живот и се смета за модерна класика за духовноста.

На залиха

Духовноста значи будење. Повеќето луѓе, иако не се свесни за тоа, се заспани и никогаш не ги разбираат убавината и радоста во она што го нарекуваме човеково постоење.

Будење е најпродаваниот водич на Ентони де Мело за духовниот живот и се смета за модерна класика за духовноста. Низ хумор, сочувство и разбирање, им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе.

Со многу анегдоти и приказни, како и насоки и вежби за самопомош, оваа книга изобилува со вистинска мудрост и практични совети. Проникнува во универзалните прашања за промената, среќата, страдањето и загубата, и помага за справување со гневот, стравот и сите други негативни емоции што се испречуваат на патот на љубовта и меѓусебното разбирање.

Будење не е книга што се чита само еднаш. Таа е повик за длабоко размислување и клуч за лична преобразба за секој што е подготвен да ја согледа реалноста со отворен ум.

SKU: 032163
Категории:,
ISBN:9786082301075
АвторЕнтони Де Мело
Издавач:Три