ЧУВАРИТЕ НА КНИГАТА

189 ден450 ден

На залиха

Во 1996 година, Хана Хит, стручњак за ретки книги, ја добива работата за која сонувала: конзервирањето на Сараевската хагада, чудесна книга која, освен непроценливата естетска вредност има и длабока морална поука. Единствена и прекрасна, Хагадата е една од најстарите еврејски книги што е илустрирана со цртежи на живи суштества.

Меѓу кориците на таа книга, Хана ќе открие цела низа необични траги – дел од крило од планинска пеперуга, дамки од крв и од вино, бело влакно и зрна морска сол – па затоа решава по секоја цена да ја открие загатката што ја крие книгата. Ќе се нурне во минатите времиња, следејќи ги сите ужаси низ кои поминала книгата од мигот кога настанала: нацистичката окупација на Сараево во текот на Втората светска војна, мрачната инквизиција во Венеција што сакала да ја изгори книгата, страшното прогонување на Евреите од средновековна Кастилија, маварските палати на Андалузија во кои емирите бескрупулозно се борат за превласт…

Низ тој заплеткан и темен лавиринт на времињата, за Хагадата се борат луѓешто не ги делат книгите според верата и јазикот, луѓе што би го дале и животот за неа и кои веруваат дека разликите постојат за да не сврзуваат, а не да не разделуваат.