Чуварка на семиња е незаборавен роман што опфаќа неколку генерации и ги следи борбата на едно дакотско семејство да го зачува својот начин на живот и жртвите што тоа ги поднесува за да го заштити она што е најважно.
Розали Железно Крило расте во шума со својот татко, Реј, поранешен професор по физика што ѝ раскажува приказни за растенијата, за ѕвездите и за потеклото на староседелското племе Дакота. Едно утро, Реј заминува да ги провери своите стапици и веќе не се враќа. На Розали ѝ кажуваат дека нема други роднини и ја испраќаат на згрижување во едно семејство во блискиот град Манкејто – каде што повлечената тинејџерка занесена по книги се запознава со бунтовната Габи Миротвор и помеѓу нив се раѓа пријателство што ги надминува проблемите што тие две ги имаат наследено.
Еден зимски ден, по многу години, Розали се враќа во домот од детството. Како вдовица и мајка, претходните дваесет години таа ги поминува на фармата на својот сопруг белец, наоѓајќи утеха во градината, и покрај тоа што на фармата првин ѝ се заканува суша, а потоа предаторска хемиска компанија. Тагувајќи, Розали почнува да му се спротивставува на минатото и тргнува во потрага по семејство, идентитет и заедница на кои конечно ќе може да им припаѓа. Во текот на сето тоа, таа сфаќа што значи да се биде потомка на жени со челични души – жени што низ долгогодишните тешкотии и загуби, низ војните и подмолната траума на училишните интернати, успеале да ги заштитат своите семејства, традициите и една скапоцена јама со семиња.
Вткајувајќи ги заедно гласовите на четири неповторливи жени, Чуварка на семиња е прекрасно раскажана приказна за повторното будење, за сеќавањето на нашата првобитна врска со семињата, a, преку нив, и со нашите предци