ДЕВОЈЧЕТО ШТО МОЛЧЕШЕ

249 ден390 ден

Кога во едно мало, прекрасно гратче во Торсби, Шведска ќе се случи брутално убиство на две деца и нивните родители – Себастијан Бергман,психолог и криминолошки профилер од Националниот оддел за убиства е единствениот кој може да ја реши мистеријата. Сепак, овој неприкосновен стручњак и член на „Риксморд“ тимот, ќе се најде во ќорсокак бидејќи нема осомничени.Но, ќе открие дека постои еден сведок: девојчето Никол, роднина на починатите деца, кое видело што се случило, но побегнало, стравувајќи за својот живот.Исчезната е веќе три дена, а трагите водат во шумата позади куќата. И убиецот и полицијата ќе направат се* за да ја пронајдат, тргнувајќи секој од својата цел. Полицијата е свесна дека мора да ја пронајде пред да биде предоцна, и затоа бара помош од јавноста. Но, тоа е меч со две острици. Трката со времето започна…

Трилер каков досега не сте прочитале, интригантен и загадочен до последната страница.

На залиха

Идилична, бела, двокатна куќа во Шведска. Внатре, цело семејство е брутално убиено. Себастијан Бергман е повикан да го реши случајот, но дури и овој неприкосновен експерт запаѓа во ќорсокак затоа што нема осомничени, се’ додека не открие дека постои сведок. Никол, девојче кое видело што се случило, но побегнало од страв за сопствениот живот.

Никол ја нема веќе три дена, а трагите водат во шумата позади куќата. Сите се свесни дека мораат да ја пронајдат пред да биде предоцна, и затоа бараат помош од јавноста. Но, тоа е меч со две острици – така убиецот ќе сфати дека постои сведок.

Трката со времето започна…