ДЕВОЈКИТЕ ОД ПЛАТНАТА

234 ден390 ден

Нема на залиха

Овој возбудлив роман сместен е во париското златно време на убавината и бонвиваните, разузданите забави и љубовните авантури, на уметниците и нивните модели. Но, зад позлатените кулиси на париската Опера се крие свет на сиромаштијата  и гладот, зависта, љубомората и амбицијата.

Париз 1878 година. По смртта на татко им, малолетните сестри Антоанета, Мари и Шарлота остануваат препуштени сами на себе. Знаејќи дека најмногу изгледи да избегаат од сиромаштијата имаат во балетот, Антоанета, статистка во париската Опера, ги води своите помлади сестри на аудиција. Двете се примени во почетничката група наречена мали стаорци. На општо изненадување, Мари покажува исклучителен талент, а почнува да заработува и така што му позира на таинствениот сликар Едгар Дега за неговото ремек-дело Мала четиринаесетгодишна танчерка, додека Антоанета, воспитувачката на своите сестри, добива мала улога во драматизираното дело Дувло на Зола и безумно се вљубува во Емил Абади. За момент се чини дека трагичните бездни на животот на долните падини на Монмартр за сестрите Ван Гетем претставуваат минато…

SKU: 030911
Категорија: